Ахмети на средба со Палмер: Нема враќање назад од преспанскиот договор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Октомври 2019
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД, Даниел Костеланчиќ, директор за Балканот во американскиот Стејт департмент и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнс.
„Ахмети и американските авторитети разменија мислења во врска со политичките случувања во Северна Македонија, членството во НАТО, како и предвремените избори. Ахмети истакна дека ДУИ е гарант на преспанскиот, охридскиот, како и договорот за добрососедство со Бугарија од кои нема враќање назад во ниту еден случај“, соопштија од ДУИ.
Ахмети им се заблагодарил за големата помош во нашите напори за добивање на датумот за започнување на преговорите со Европската Унија, но уште повеќе за нашиот успешен пат за членство во НАТО во следните месеци.
„САД потполно ги поддржуваат евро-атлантските напори на Северна Македонија и реформите во земјата, посебно на владеењето на правото. На средбата се дискутираше и за интензивните реформи во рамките на Демократската унија за интеграција како и за предвремените парламентарни избори“, се наведува во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс