Заев повика на итен состанок со надлежните инспектори поради загадувањето

Премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека им дал насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата поради загадувањето.

 

„Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството.

 

Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Затоа дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.

 

Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје“, напиша Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.