Облачно и дождливо со температура до 20 степени

Во текот на ноќта најмногу дожд наврна во Пожаране,Тетово, Маврово, Лазарополе, Дебар, Охрид, Крушево и Струмица.

 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

 

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.