СДСМ: За две години просечната плата во образованието порасна за над 2.000 денари

Заложбите за повисоки плати во сите сектори даваат реални резултати, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

 

За само 2 години, нагласува СДСМ, просечната плата во образовението е зголемена за над 2.000 денари.

 

Од партијата додаваат дека просечната плата за август во образованието изнесува 24.352 денари, додека во мај 2017 таа изнесувала 22.236 денари.

 

„За разлика од ваквото зголемување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата за цели седум години пораснала за едвај 850 денари, односно од 21.385 кога изнесувала во мај 2010 на 22.236 денари во мај 2017. Со зголемувањето на платите во образованието го мотивираме наставниот кадар да остане во образованието, но и да работи на унапредување на наставнит процес“, додава СДСМ во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.