Русија: Приклучувањето на Македонија во НАТО ја подрива стабилноста на Европа

Процесот на проширување на  НАТО, вклучувајќи го можниот влез на Македонија во алијансата, ги подрива довербата и стабилноста  на европскиот континент и доведува до сè поголема конфронтација, изјави  за „Спутник“ директорот на Четвртото европско одделени при Министерството за надворешни работи на Русија, Јуриј Пилипсон.

 

„Ставот на Русија за проширувањето на НАТО е добро познат. Овој процес сам по себе  е деструктивен, ги подрива довербата и стабилноста  на европскиот континент и доведува до сè поголема конфронтација. Придружувањето на сите нови членки во алијансата, вклучувајќи ја и Македонија (таа би можела да влезе во НАТО во следните неколку месеци) го разгледуваме токму од тој аспект“, објасни Пилипсон.

 

Дипломатот нагласи дека проблемот не е  во воената закана што Македонците би можеле да ја претставуваат за Русија, туку во збирот ризици за европската безбедност која би требало да се обезбедува со потполно поинакви методи, а не со вовлекување на оваа земја во антируската политика и во военото планирање на алијансата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.