Владата ќе потроши над 2,8 милиони евра за канцеларија и паркинг-место во седиштето на НАТО

Владата ќе потроши над 2,8 милиони евра за канцеларија и паркинг простор во седиштето на НАТО во Брисел.

 

„На денешната седница Владата ја усвои информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО. Висината на финансиските средства за оваа намена, за купувањето на 996,37 метри квадратни, односно  878,10 метри квадратни нето на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација, изнесува 2.872.255 евра“, соопштија од Владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.