Во екот на загадувањето на воздухот, се заборава за проблемот со отпадните води

Во период кога јавноста е преокупирана со загадувањето на воздухот речиси незабележано поминуваат новите податоци на Државниот завод за статистика за проблемот со испуштањето на отпадните води кои покажуваат дека во нашата држава поголем дел од нив непречистени се испуштаат во реките и во природата.

 

 

Од вкупно 110 милиони кубни метри отпадни води дури 80 милиони непречистени завршиле во реките и во природата во текот на минатата година. Пречистени во реките лани биле испуштени само 23 милиони кубни метри вода.

 

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2018 година изнесува 11,2 милијарди денари.

 

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (64.2 отсто), потоа учеството на трошоците за образовни, воспитни и други слични активности (9.7 отсто) и трошоците за управување со отпадни води (9.4 отсто) односно најмалку пари се одвојуваат за оваа намена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.