Јанушев: Хаваријата во „Охис“ е најдобар пример за тоа како власта ги третира граѓаните

Вчерашната хаварија и незаинтересираноста на власта во случувањата со „Охис“ е можеби најдобар пример за како криминално рекетарската власт на Заев ги едноставно третира граѓаните на Република Македонија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, од Свети Николе.

 

„Денеска сме во Свети Николе разговорите за „Обнова на Македонија“ продолжуваат. Имаме огромна посета од страна на Светиниколчани дојдени овде да поразговараат, да си ги кажат маките и проблемите кои што ги имаат во секојдневниот живот. Она што ни се повторува што е веќе видена глетка во сите градови во Република Македонија, се случува и овде. Нема буквално нити едно реализирано ветување. На лагите и на криминалот буквално им нема крај. Ветената гасификација на Свети Николе онака како што е затекната така е и во овој момент, иако беше ветено дека истата ќе заврши во 2019-та година“, рече тој.

 

Тој обвини дека не е почната ниту изградбата на спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“, градинките и пензионерскиот дом.

 

„Меѓутоа како што многу пати сме кажале до сега, воопшто и не сме изненадени од таквиот пристап бидејќи станува збор за убедливо најнеспособната власт. Една власт која што владее на исклучиво еден криминално рекетарски начин. Она што го гледаме на државно ниво особено во последниов период во она што го прават со набавката на хеликоптерите, 72 милиони евра кои што се обидуваат да ги испумпаат од државниот буџет на еден криминален начин. Вчерашната хаварија и незаинтересираноста на власта во случувањата со „Охис“ е можеби најдобар пример за како криминално рекетарската власт на Заев ги едноставно третира граѓаните на Република Македонија“, рече Јанушев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.