Заев се сретна со Бутарис во Солун

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

 

„Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Грција.

 

Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји.

 

Се согласивме дека секоја бизнис-инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји“, објави Заев на „Фејсбук“.

 

Заев учествува на самит во Солун, каде е планирано да се сретне со грчкиот колега Кирјакос Мицотакис. На попладневниот самит во Солун агендата е економска, но се  очекува да се отвори и прашањето за евроинтеграциите и претстојниот НАТО-самит.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.