Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите

Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, со пензионерите во Куманово.

 

Министерката ги информираше пензионерите за претстојното покачување на пензиите во јануари 2020 година, кое ќе изнесува од 860 до 900 денари со пресметаните дополнителни усогласувања.

 

„Ова е најголемо покачување во последните 12 години. Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основица и истото дополнително ќе се усогласи во текот на 2020 со трошоците на живот. Со новото законско решение конкретно, растот на пензиите ќе го следи покачувањето на минималната и на просечната плата во државата. Покачувањето се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата. Системското решение предвидува дополнително зголемување на пензиите освен според растот на БДП, да може да се зголемуваат и според растот на платите. Во години на раст на минимална плата над 15%, и на раст на просечна плата за 5%, ќе има можност за покачување и на пензиите за 5%“, рече Царовска на средбата во Куманово.

 

Илија Ивановски, заменик-директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, истакна дека пензиите се покачуваат во време кога дефицитот на Фондот за ПИО е намален за 10%, а приходите се зголемуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.