Над 20.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонскиот грип

Министерството за здравство информира дека до вчерашниот ден закажани се 20.069 граѓани за бесплатна вакцинација за наредните денови во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава.

 

Од институцијата истакнуваат дека во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат, а дополнително, треба да пристигнат и 14.400 дози од вакцините.

 

„Во понеделник следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација и ќе се пуштат сите останати термини“, нагласуваат од Министерството и додаваат дека здравствените установи се добро организирани и има одзив од граѓаните за вакцинација.

 

Здравство апелира до граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип, да го заштитат како своето здравје, така и колективното.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.