Петров: Од следните избори СДСМ на листите со 50 отсто застапеност на жените

Денес од овде од Гостивар посебно сум горд што можам да кажам дека од следните избори на нашите листи ќе имаме 50 отсто застапеност на жените, истакна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров од трибината во Гостивар.

 

Петров посочи дека институциите кои ги водат жени покажуваат особени резултати.

 

„Чест ми е што имаме жени кои во своите ресори даваат извонредни резултати. Меѓу нив се и Мила Царовска, Ѓулумсер Касапи, Нина Ангеловска, а на чело со Радмила Шекеринска стануваме членка на НАТО. Тоа се жени кои водат институции кои се од витално значење за државата и даваат одличен пример. Со ваков тим на 12 април победуваме“, посочи Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.