Тридневна жалост во Гостивар и 18.000 евра помош за Албанија

Гостивар прогласи тридневна жалост за настраданите во земјотресот во Албанија. Општината ќе додели и 18.000 евра помош, а формира и кризен штаб за превоз на собраната помош за областите погодени од земјотресот.

 

„На денешната вонредна седница на Советот на општина Гостивар, свикана од страна на градоначалникот Арбен Таравари, општинските советници едногласно усвоија одлука за доделување на финансиски средства за граѓаните на Република Албанија погодени од силниот земјотрес во Драч и околината. Висината на финансиските средства изнесува 1.084.500 денари од кои 184.500 денари како материјали, а останатиот дел како финансиски средства“, соопштија од Општината.

 

Таравари објасни дека парите наменети за новогодишно украсување на градот, се пренаменуваат за оваа цел.

 

Исто така, советниците едногласно донесо одлука и за прогласување на тридневна жалост, како и формирање на кризен штаб за превоз на собраната помош за областите погодени од земјотресот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.