Боки 13 пренесен на контролни прегледи во болницата „8-ми Септември“

Од градската општа болница „8-ми Септември“, потврдија дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, бил хоспитализиран во оваа установа заради спроведување контролни прегледи.

 

Додаваат дека дијагностичките процедури се во тек.

 

„По завршување на целата постпка на медицина базирана на докази, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, се наведува во краткото соопштение на болницата.

 

Адвокатот Сашо Дуковски, кој е правен затапник на Јовановски, обвинет за случајот „Рекет“, пред десетина дена предупреди дека неговиот клиент е сериозно болен и бараше да биде хоспитализиран.

 

Потоа се огласи и Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија, која ја демантираше изјавата на адвокатот дека не сакале да го прегледаат Јовановски и дека се шегувале со неговата здравствена состојба.

 

Боки 13, кој е во притвор, за четири месеци бил 25 пати носен на лекар.

 

Првото рочиштето за случајот „Рекет” е закажано за 3. декември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.