Русковска најави финансиска истрага и за други судии
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Декември 2019
На новинарско прашање дали Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе се вклучи во испитување на потеклото на имотот на петтемина судии за кои ДКСК отвори предмет заедно со Финансиската полција, шефицата на оваа институција, Вилма Русковска, рече дека ќе отворат финансиска истрага и за други судии, а не само за судиите што ја пуштија Катица Јанева во куќен притвор.
„Обвинителството во секој случај ќе поведе финансиска истрага, а што ќе произлезе од тоа, ќе видиме. Сега не би обелоденувала имиња“, рече Русковска.
ДКСК во март годинава отвори предмет за ипистување потекло на имотот на судиите од бомбите, но процесот со месеци е заглавен меѓу три институции.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс