Во Маврово снежна покривка од 11 сантиметри, на Попова Шапка шест сантиметри

Снежната покривка во  Маврови Анови изутринава е 11 сантиметри, во Пожаране има 9 сантиметри снег, во Берово - 8, а 6 на Попова Шапка.

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повеќе сончеви периоди на северот и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со температура до 5 степени.

 

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со постепен пораст на дневните температури. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време.

 

В петок попладне и в сабота има локални врнежи од дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.