Јанушев: Заев посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети

Зоран Заев посакува уште една амнестија за сите криминали и рекети во оваа државата, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

„Нема друг пример на премиер кој создава подлога за амнестирање и се плаши да му се испита потеклото на имотот. Стравот е последица на тоа што имаме премиер до гуша заглавен во криминал и корупција. Фарсата со судењето во 'Рекет' покажува дека главата на октоподот е сместена во зградата на 'Илинденска'. Имаме признание на очевидец дека судии, обвинители и една министерка од владата на Заев биле гости во домот на еден од обвинетите откако случајот излезе во јавноста. Сега е и сосема јасна нервозата на власта зошто први сакаат да ги прочешлаат и обезбедат доказите од аферата 'Кеш' за да ги покријат траговите кои одат до владата и нејзиниот прв човек“, вели Јанушев.

 

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Заев се плаши и се противи на нивниот предлог да нема амнестија за политичари, и политичари да не бидат амнестирани затоа што тој самиот сакал уште една амнестија бидејќи бил фатен во тешки криминали.

 

„Дали Заев не сака испитување на потекло на имот, кое ВМРО-ДПМНЕ го предлага, поради фактот што милионите на Заеви немаат оправдување за легалноста со која се стекнати? И дали Заев со неприфаќањето на предлогот за истакнување на кандидат мандатар и јавно признава дека ќе изгуби на изборите, па не сака да се откаже од пратеничкиот имунитет? Времето минува, а молкот на Заев потврдува дека имаме премиер што заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот и кој не се откажува од пратенички имунитет зашто така мисли дека нема да одговара пред законите. Се потврдува дека Заев е лично засегнат и ја држи во криминално заробеништво целата партија. Јавно го повикуваме, барем еднаш отворено и чесно да каже зошто не ги прифаќа барањата кои ВМРО ДПМНЕ ги предложи“, рече Јанушев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.