На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата.

 

Јовановски го персира, додека Камчев му се обраќа на „ти“, а во текот на испрашувањето може да се слушнат и лични навреди.

 

Јовановски го праша Камчев што правел тој во неговиот дом меѓу 15 и 20 март, а Камчев рече дека бил таму зашто го викнале за одредена работа што тој ја одбил.

 

Бизнисменот потврди дека на средбата биле присутни и Зоран Милески - Кичеец и министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Јовановски во прашањата алудира на тоа дека Камчев му наредувал на Кичеец да биде во постојан контакт со него и дека го држел во заблуда за заеднички бизниси.

 

Судијката постојано го опоменува Јовановски дека поставува наведувачки прашања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.