Боки 13 ѝ рече на судијката да не го деконцентрира
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Декември 2019
Обвинетиот Бојан Јовановски во директно испрашување на сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, ја праша дали се сеќава на гала-вечерите организирани во нивната, како што рече "велелепна палата".
"Дали се сеќавате на гала-вечерите организирани во вашата велелепна палата"?, рече Јовановски.
Судијката не го дозволи прашањето и му се обрати на Јовановски да не се расправа со Камчева во судницата.
Сопругот на Камчева, Бојан Јовановски го нарече "вашиот сакан и ценет сопруг". Судијката Васка Николовска Масевска која се обидува да стави ред во судницата и постојано се консултира со нејзината колешка во советот, го опомена да не дели квалификации.
Јовановски постави и следно прашање: "Дали за мене приготвувавте специјални вечери", рече обвинетиот, а судијката не го дозволи одговорот.
Обвинетиот рече дека за Камчева ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело и откако повторно беше опоменат од судијката се пожали дека ништо не му е дозволено да ја праша Камчева.
"Па дајте осудете ме да не се мачиме. Ме деконцентрирате...", рече Јовановски. Судијката го праша дали знае каде се наоѓа и дека ќе го отстрани од судницата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс