СДСМ: Мицкоски молчи додека член на неговата партија се заканува на новинари и неистомисленици
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 11 Јануари 2020
Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата додаваат дека ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски.
„Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста. Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува. Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ и нагласуваат дека ги осудуваат заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс