Тони Трајковски не дојде на судењето за „ТНТ“ - немал покана

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на судењето за „ТНТ“ бидејќи немал добиено покана, рече адвокатот Јовица Страшевски, кој пак дошол на судењето по молба од сопругата на ексградоначалникот, обвинет за незаконско рушење на објектот „Космос” од бизнисменот Фијат Цановски.

 

„На двете адреси доставени до судот нема стигнато покана. Така ми кажа неговата сопруга. И јас не добив покана, но дојдов бидеји бев замолен од сопругата на Трајковски”, рече Страшевски.

 

Претходните рочишта се одложуваа исто така поради Тони Трајковски, откако тврдеше дека бил нападнат на улица и завршил во болница. На судењето не дојде ниту обвинетата Елизабета Најдовска, со објаснување дека и таа не добила покана за денешната расправа.

 

Одмор пред судот најави и Страшевски, но сепак, се појави на судењето. Во судницата недостасува еден од судиите-поротници.

 

Во предметот „ТНТ” обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба  Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.