Финансиска полиција поднесе пријава против Лила Стојановска, затаила данок од 1,7 милиони денари

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска, која е осомничена дека затаила данок од над 1,7 милиони денари.

Против Стојановска пријавата до Финансиска полиција ја поднеле фирмата „Изградба инженеринг ДАН-МАК“ и лицата Е.Н. и Д.Н. Во пријавата тие навеле дека ѝ уплатиле на Стојановска вкупно 16.095.600 денари за изготвување на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“, а таа им ветила дека наводно ќе обезбеди донации од 3.580.000 евра за правното лице.

„Управата за финансиска полиција поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело даночно затајување до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Стојановска, која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен договор за изготвување на 'Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права' со 'Изградба инженеринг ДАН-МАК' - Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н“, соопштија од Финансиска полиција.

Парите, како остварен приход, Стојановска ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила буџетот на државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.