СДСМ маршира за правда во Скопје

Вечерва во Скопје почна „Маршот за правда“ во организација на владејачкиот СДСМ.

 

Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Северна Македонија, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и Заев.

 

Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.