Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Синоќа заврши распитот на лицата што беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин кој бил скриен во банани.

 

Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица, а останатите двајца кои беа приведени се ослободени, информираат од Обвинителството.

 

За сопственикот на фирмата увозник на овошјето доставен е предлог за определување на мерка притвор, додека за второ осомниченото лице предложени се мерки за обезбедување присуство.

 

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.