Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат резултатите од тестовите, е негативно на коронавирусот.

 

Од Министерството нагласуваат дека лицето било подложено на тестирање на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

 

Воедно, додаваат дека ова е последното лице во земјата за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други пациенти што се тестираат на коронавирус.

 

Претходно, министерот соопшти дека пациентката на Инфективната клиника, за која вчера беше објавено дека е заразена со коронавирус, се чувствува добро и нема критични знаци, но е во излоација.

 

Тој посочи дека одлучено е состојбата на патниците од комбето, во кое патувала заразената пациентка, да се следи во наредните 14 дена. Тие се вкупно 12 лица, а меѓу нив има и две деца. Се наоѓаат во своите домови во Скопје и во Струмица. Станува збор за здрави луѓе, но сепак се изолирани од контакти со други лица.

 

Министерот објасни дека во комбето биле вкупно 9 лица, заразената и уште 8 други. Во карантин се 12 бидејќи 8-те патници во меѓувреме имале контакт со уште четворица други.

 

Утре ќе се направи проверка на здравствените капацитети во случај ако е потребно да се спроведе преместување од домашно сместување во карантин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.