Над 200 лица со автобуси и приватни возила денеска ќе влезат во државава

Над 200 лица со автобуси и приватни возила денес треба да се вратат во државава. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека биле заглавени по различни основи на различни гранични премини.

„Во вој момент имаме најава за влез во државата на над 200 лица со автобуси и приватни возила кои биле заглавени по различни основи на различни гранични премини. Граничните полицајци се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи и со Министерството за здравство при што во текот на денот се очекува нивно пристигнување. Доколку се утврди нестандардна состојба со истите ќе се постапи согласно препораките на Министерството за здравство“, рече министерот Чулев.

Тој извести дека МВР на 14 март асистирало при извлекување на наши граѓани заглавени на меѓуграничен простор на српско-унгарската и хрватско унгарската граница. Во координација со дипломатските претставништва во државаа асистирале и во спровод на странски државјани до границите на сопствената држава.

„На 15 март спроведени се 36 луѓе до границата со Косово, а на 16 март споведени се два конвои со вкупно 55 луѓе до границите со Албанија и Косово од каде се прифатени од нивните служби“, рече министерот Чулев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.