Спасовски: Да се воведе вонредна состјба во државата

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на прес-конференција порача дека владата предлага воведување вонредна состојба на целата територија на земјата. Рече дека се работи за вонредна ситуација и дека веќе нема што да се чека.

„Предлагаме воведување на вонредна ситуација веднаш. Каква што е состојбата така и треба да се однесуваме-вонредно. Сите заедно да се придржуваме до мерките кои се донесени поради сериозната состојба од епидемијата на коронавирусот. Сите заедно ќе ја надминеме оваа ситуација. Да покажеме одговорност и сериозност. Ќе направиме се да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните и да излеземе од оваа сериозна состојба со вирусот“ порача Спасовски.

Тој истакна дека се работи за одлука која е нужна во овој момент.

„Не може некој лагодно да се однесува во ваква состојба, мора секој да преземе одговорност за своето однесување. Јавното здравје е најважно и нема да дозволиме некој да го загрози“, предупреди Спасовски.

Тој упати апел да не се крева паника кај народот, дека има храна и да не се прават залихи.

Спасовски повтори дека владата донела мерки соодветни за состојбата и дека мора да се почитуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.