Истечените лични документи ќе важат до завршување на вонредната состојба
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2020
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека се овозможува продолжено важење на истечените лични документи до завршување на вонредната состојба на државата и тоа: лични карти, возачки дозволи и патни исправи за македонските граѓани и дозволата за престој за странските државјани.
„Свесен сум дека живееме во услови кога движењето е сведено на минимум, но со оваа одлука ги заштитуваме граѓаните, но и вработените во Управните служби на Министерството за внатрешни работи. Апелирам до граѓаните и понатаму да ги почитуваат препораките и одуките на владата“, објави Чулев.
Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.
Останете дома - спасете го човечкиот живот!
МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс