Димитров до Ди Мајо: Голема доблест е што ни честитате за успехот во тешки моменти за Италија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска оствари телефонски разговор со шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, по барање на италијанската страна.

„Ди Мајо му честита на Димитров за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за почнување на пристапните преговори со Северна Македонија истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на македонските граѓани за овој долгоочекуван успех“, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Димитров му се заблагодарил на својот италијански колега за континуираната поддршка, но, пред сè, за вниманието и посветеноста од Италија токму во нејзините најтешки моменти предизвикани од пандемијата.

Министерот изразил и длабоко сочувство до италијанските граѓани за големиот број жртви и упатил желби за побрзо оздравување на оние што сè уште се борат со болеста, како и за што побрзо надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешки мигови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.