Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација - Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сеуште течат и анкетите, како и анализите, за да се види дали некој имал контакт со заболено лице од коронавирус или пак бил во странство.

 

Ова следува откако 69 годишен тетовец, кој е неподвижен и лежел во заводот во текот на овој месец, се заразил од короанвирус.

 

„Во Заводот за рехабилитација во Козле траат анкетите и анализите. Земени се материјали на уште 18 вработени. По добивањето на резултатите ќе се направи план за работа на оваа установа, постои голема веројатност од понеделник да работи само амбулантскиот дел, со соодветен распоред на здравствени работници. Но, не се готови анализите, по завршување на тестовите, ќе се направи овој план“, рече министерот, Венко Филипче.

 

Ќерката на на 69 годишниот жител на Тетово преку социјалните мрежи посочи дека од понеделникот молела за лекарска помош за нејзиниот татко.

 

Таа вели дека не се знае како се заразил нејзиниот татко, а таа добила решение за самоизолација. Според нејзините пишувања, 69-годишниот тетовчанец бил хоспитализиран во Центарот за рехабилитација во Козле, поради мозочен удар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.