МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Март 2020
МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација и притоа заразил неколку други лица, со што придонел за ширење на епидемијата.
Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на прес-конференција информираше дека станува збор за лице кое на 8 март по полноќ влегол на граничниот премин Табановце во земјава. Тој наместо да се придружува до прописите за заштита од ширењето на коронавирусот, слободно се движел, остварувал средби и заразил повеќемина.
„Осомничениот наместо да ги почитува прописите, тој се однесувал спротивно на одлуките и во континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, остварувал и средби во фирмата“, рече Петровска.
Од полициски службеници од полициската станица Карпош била извршена проверка и разговор со него и тој тогаш изјавил дека нема остварено влез и излез од земјава, со што дал лажен исказ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс