Се бара од ЕУ пренамена на расположливите ИПА-средства за справување со кризата

Владата на седница ја разгледа и ја усвои информацијата за привремена пренамена на расположливите ИПА-средства од соодветните девизни сметки наменети за имплементација на ИПА-програмите во буџетот на Република Северна Македонија, во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19 и го задолжи Министерството за финансии да побара одобрување од соодветните служби на Европска комисија за привремено користење на преостанатите салда на ИПА-средства од програмите ТАИБ 2009, ТАИБ 2010, ТАИБ 2011 и ИПА Компонентите III, IV и V со цел справување со кризата.

По добиената согласност од страна на Европската комисија, Министерството за финансии ќе ги префрли средствата на соодветни сметки кои ќе бидат наменети во функција на справување со кризата настаната како резултат на вирусот Ковид-19.

Како дополнителен заклучок во врска со ова, Владата го задолжи Министерството за финансии да ги врати позајмените средства од буџетот на Република Северна Македонија по завршување на кризата, односно во рокот и согласно насоките кои ќе се добијат од Европската комисија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.