Сместени 154 луѓе во карантин во хотелите на ЕСМ на Попова Шапка

154 лица се сместени во државен карантин во хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ. Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден. Граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР.

Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во ,,Елемтурс”, според пропишаните процедури и протоколи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.