Еден пациент почина, 73 новозаболени и тројца излекувани од коронавирус
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Април 2020
За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои најголемиот број во Куманово.
По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат тројца пациенти.
Од МЗ информираат дека на Клиниката неколку часа по приемот во болница, починал маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс