Сончево и ведро време со температури до 20 степени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Април 2020
Времето во државава утрово е претежно ведро со мала локална облачност.
На места дува слаб ветер од променлив правец, освен на Тополчани каде што ветерот достигнува брзина до 50 километри на час, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе се задржи претежно сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со слаб до умерен северисточен ветер и температура до 18 Целзиусови степени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс