Владата ја ограничи исплатата на додатоци и надоместоци на платата во јавниот сектор

Владата на седница ја донесе уредбата со законска сила за ограничување исплата на додатоци и надоместоци на платата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба со законска сила се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на платата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите што вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите што вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата за време на траење на вонредната состојба.

На вработените опфатени со оваа уредба со законска сила не им се исплатуваат додатоци и надоместоци на платата во согласност со законот и колективниот договор за време на траење на вонредната состојба. Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на медицинскиот и помошно-техничкиот персонал во јавните здравствени установи, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.