Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Станува збор за четириесет и седумгодишен маж од ресенското село Горна Бела Црква за кој вчера беше објавено дека бил пронајден мртов во притворското одделение во скопскиот затвор.

„Тој немал симптоми, немал температура, но на обдукцијата е позитивен на вирусот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите кои биле во близок контакт со него“, рече тој.

Заболен од коронавирусот има и во Домот за стари лица во Битола, кај лице примено на 18 март. Пациентот бил примен во Инфективната болница во Битола, а откако била добиена потврда дека е позитивен, земени се брисеви од сите кои биле во контакт со него.

Даден е налог Државниот здравствен и санитарен инспекторат да ја испита целата состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.