Мајката на четиримесечното бебе од Кочани е негативна на Кoвид-19
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Април 2020
Мајката на четиримесечното бебе од Кочани, кое е позитивно на коронавирусот, е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен.
Како што информираат од Министерството за здравство, таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на Ковид-19 на 6 април, а резулатите биле готови наредниот ден.
За овој случај, министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти на денешната прес-конференција, на која, според податоците добиени од Инфективната клиника, информира дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.
Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8 април.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс