Барањето за свикување на Собранието потпишано од 35 пратеници стигна кај Џафери
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 23 Април 2020
Барањето за свикување итна седница го поддржале 35 пратеници и е пристигнато во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тие бараат на седницата да ги потврдат одлуките на претседателот на државата, Стево Пендаровски, за прогласување вонредна состојба. Пратениците кои бараат свикување на седницата се повикуваат на Уставот и членот 63 став 4 во кој е наведено дека мандатот на пратениците може да се продолжи во услови на вонредна и воена состојба.
„На седницата која би била свикана, Собранието конечно ќе има можност да ја оствари својата уставна надлежност согласно членот 125 од Уставот, да ги потврди одлуките за прогласување вонредна состојба кои ги донесе претседателот на Републиката. На овој начин Собранието ќе биде доследно на приоритетот кој со уставните одредби му е даден во прогласување воена или вонредна состојба и нема да дозволи извршната власт да ја има комплетната контрола над уставните процеси за носење одлуки за прогласување и продолжување на вонредната состојба“, стои во објаснувањето потпишано од 35 пратеници.
Поддршка на барањето дале пратеници од сите политички партии, освен ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс