Четири смртни случаи од коронавирус и 23 новозаразени лица

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа од компликации поради Ковид-19 починал пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во болницата „8 Септември“ починала 59-годишна пациентка од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.

 

Евидентирани се и две починати жени од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка што се лекувала во домашни услови и пациентка што се лекувала на инфективното одделение во кумановската болница.

 

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на коронавирус, и тоа во: Скопје - 5, Куманово - 5, Прилеп - 3, Тетово - 6, Велес - 2 и Неготино -2 (станува збор за жители на Демир Капија).

 

Во изминатите 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 111 оздравени пациенти, од кои 13 во Скопје, Куманово - 74, Прилеп - 18 и по еден во Штип, Битола, Охрид, Крива Паланка, Пробиштип и во Демир Хисар.

 

Со ова вкупната бројка на инфекции од коронавирус во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.