Сончево и многу топло, со температури до 32 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на неделава во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.