До вторник суво и топло време со температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

 

Во Скопје ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степена.

 

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината, со тенденција на благо намалување. Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура осетно ќе се намали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.