Спасовски на средба со хрватската амбасадорка: Изборните рокови мора да продолжат кога ќе престане вонредната состојба

Премиерот Оливер Спасовски денеска разговараше со хрватската амбасадорка во земјата, Нивес Тигањ, а на средбата тој истакнал дека избори треба да се одржат во првиот можен рок, односно дека изборните рокови продолжуваат во моментот кога ќе престане вонредната состојба.

„Сите прашања од особено значење за Северна Македонија, за кои Хрватска во овој период даде поттик и поддршка да се решат во најдобар интерес на земјата, треба да се заокружат во услови на функционални институции формирани врз основа на волјата на граѓаните“, нагласил македонскиот премиер.

Како што информираат од владината прес-служба, амбасадорката Тигањ го информирала Спасовски дека Хрватска, како уште еден приоритет за време на нејзиното претседавање со ЕУ, доставила допис до Европската комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија, со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција, која треба да го означи почетокот на преговорите по поглавја за заокружување на процесот за членство на земјата во ЕУ.

Спасовски ја оцени како исклучително важна иницијативата на Хрватска да се забрза потпишувањето на договорот за членство на Северна Македонија во Фронтекс, со што значително ќе се зајакнат безбедносните капацитети на границата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.