ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најмногу заразени и починати во регионот, а најмалку тестирања

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

 

„Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73%, Бугарија – 2,52%, Србија – 1,62%, Хрватска – 0,21%, Грција – 0,14%, Црна Гора – 0%. Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот, како што пренесуваат од опозициската партија, за последните 7 дена ситуацијата е следна:  Македонија – 91, Бугарија – 31, Србија -85, Хрватска – 4, Грција- 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33. Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно. Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот: Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.