Претпладне облачно, попладне локален дожд и грмежи

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи, информира УХМР.

Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде од 3 до 14, а максималната ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено со пороен инатензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени.

Од утре следува период на потопло време, краткотрајно ќе е постабилно, но ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.