67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Еден пациент починал во последново деноноќие, а 25 лица се оздравени.

 

На клиниката за Инфективни болести примени се шест нови пациенти. На клиниката има вкупно 40 пациенти, од кои нема пациенти кои дишат со помош на респиратор, а 16 се на кислородна поддршка.

 

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 27 пациенти, од кои шест дишат со помош на респиратор.

 

На Инфективното одделение во Битола има 7 пациенти, во Штип – 14, а во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 27 хоспитализирани пациенти.

 

Филипче изјави дека има нов кластер во Тетово, од еден правен субјект и 40 лица оттаму се во изолација. Раст на бројот на заболени има и во Липково.

 

Подетални информации за дистрибуцијата по општини, Филипче најави за подоцна во текот на денот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.