Директорот на финансиската полиција негативен на Ковид-19

Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, е негативен на коронавирус, објави тој на својот фејсбук-профил. Тој вели дека според препораките на епидемиолозите, до 9 јуни ќе остане во самоизолација.

„Сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста.

На сите оние што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите други сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции“, напиша Муареми на „Фејсбук“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.