Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени.

 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.

 

Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а в сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа, во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.