НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна дилема околу спроведување на изборите за ректор и Сенат на УКИМ, велат од Независниот академски синдикат.

„Со оваа навремена и здраворазумна одлука на Владата се заштитуваат демократските принципи на универзитетите, но и здравјето на академската заедница. Со одлуката на Владата, реакцијата на Државната комисија за спречување на корупција, но и принципиелната реакција на Државниот трудов инспекторат, кој во јануари утврди нарушување на синдикалното здружување, се враќа надежта за поголема отчетност и респонзивност на институциите. Оттука, ги поздравуваме овие одлуки и ги охрабруваме и другите институции од областа на високото образование и науката да работат во заштита на јавниот интерес“, велат од НАкС.

Од таму велат дека очекуваат ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, да ги сопре постапките за избор на ректор и Сенат на УКИМ, до завршување на вонредната состојба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.