Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност

Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршувањето на мерките, смета потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Во она што се случуваше на улица Боемска има редица на кривични дела. Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19. Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот“, вели Манчевски.

Според него, вториот момент за кривично дело е дека спречувал инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност.

„Овие луѓе два часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело“, кажа Манчевски.

Тој му порача на Мицкоски дека завршило времето кога ВМРО-ДПМНЕ или било кој политичар пишувал казни и самиот пресудувал.

„Не е така, судот на основа на она што го кажуваат доказите и кривичните пријави кој што ќе следуваат, ќе каже која е казната којашто треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување пред се кон здравјето и животот на граѓаните“, рече Манчевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.